Противпожарна и против-димна врата

Против пожарни врати

Како една од најпродаваните врсти на врати во нашата фирма, се издвојуваат противпожарните и противдимните врати на италјанскиот производител „LOCHER Gebhard“ со седиште во градот Сарантино, Италија.Соработката со компанијата „LOCHER Gebhard“ на нашата фирма и донесе напредок и успешност во работата уште од самиот почеток, така што сега сме во позиција да бидеме единствени на нашиот пазар кои можеме да понудиме противпожарни и противломни врати од овој реномиран италјански производител.

Фабриката „LOCHER Gebhard“ е една од најценетите фабрики за производство на противпожарни и противдимни врати, со годишно производство и продажба од преку 100,000 парчиња врати. Се занимаваат со производство на сите облици на врати и модели на противпожарни врати и противдимни врати, кои во продолжение ќе ви ги представиме. Сите врсти и модели на врати ги задоволуваат европските стандарди, во прв ред стандардот EN 1634-1(EI2 60 i EI2 120),како и стандардот EU,а сертификатите се издадени од институтот C.S.I. S.p.a.чија хомологација ја има извршено министерството за внатрешни работи во Италија.

 

EI2 60 / EI2 120

Сите противпожарни врати, кои се наоѓаат во нашата понуда, се огноотпорни според стандардите REI 60 ili REI 120.Противпожарните врати може да бидат еднокрилни или двокрилни, во зависнот од смерот на отварање може да бидат реверсибилни што обезбедува универзалност кај сите видови врати, што го олеснува управувањето со самите врати. Моделите на нашите врати се UNIFORM, ENDOR (ванстандардна врата-одреден смер на отварање) и ENPLUS (специјална врста на штокови-за ѕидови од гипскартон).

Европски стандарди

Верифицирана и тестирана според европски стандарди EN 1191 што е иницијално тестирање протифпожарните врати да може да се квалифицираат за сетрифицирање според EN 1634 за протифпожарност.Тестовите во склоп на EN 1191 потрврија дека вратите може да издржат секојдневни и бројни отварања и завтварања и издржливост  во секакви услови на користење.Потврдено  е дека се дизајнирани и изработени по многу високи стандарди и да се врати кои можат да издржат долгогодишна секојдневна употреба.

Сите делови на противпожарните врати се така ускладени по  EU стандрадите и сертифицирани. Лохеровата контрола за квалитет и организација обезбедуваат да бравите, регулаторите на затварање и останатите делови кои се опционално вградуваат како што се и анти-панични рачки, електронски брави, магнети и останати ги исполнуваат стандардите кои обезбедуваат врвен производ.

Премазот на вратите е еколошки неутрален и нуди најдобра изработка и сјај. Лохер гарантираат и хомоѓена површина отпорна на гребнатини и атмосферски влијанија како што се сонце и дожд.

Endoor / Uniform / Enplus

ENDOOR / UNIFORM
Endoor i Uniform се разликуваат во тоа што Uniform е серија реверзибилни врати кои се универзално лева и десна додека во хоризонталниот и вертикален карактеристичен пресек не се разликуваат.
ENDOOR / UNIFORM / ENPLUS
Endoor i Uniform  се разликуваат од Enplus серијата по обликот на штокот

Палета на производи

Истотака во Понудата имаме единствени на пазарот противпожарни врати предвидени за вргадување на гипс-картон ѕидови во две варијанти Endoor кој го опфака ѕидот од три страни, и Enplus кој го опфаќа ѕидот од две страни и цел празен отвор.

Уште една единственот кај производителот Locher се и вратите SimilLegno кои на себе имаат PP фолија која представува имитација на дрво и се среќава во 6 различни дизајни.

Сите противпожарни врати и противдимни врати Lochera може да бидат опремени со електронска брава, која претставува  идеална припрема за контрола на пристап која може да биде интерфонска, со картица или на било кој начин кој му е потребен на  инвеститорот.Бравата односно контролата на пристапот може да биде еднострана односно двострана во зависност од потребите.

Противпожарните врати Locher REI 120 Enplus може да бидат во серија AFONICA и звучно изолирана и тоа на 36db.Елементите на комплетот може да се применат и на веќе вградени врати кои гарантираат ист коефициент на намалување на бучностаe.

На сите врати истотака може да се вгради и гилотина односно паѓачки праг кој во моментот кога се затвара вратата се спушта и дихтува затварањето измеѓу крилната врата и подот.